5.8 C
Skopje
понеделник, октомври 28, 2024
дома Македонија ИТЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ: Ситуацијата е алармантна, не излегувајте надвор, постои опасност...

ИТЕН ПОВИК ДО ГРАЃАНИТЕ: Ситуацијата е алармантна, не излегувајте надвор, постои опасност поради пожарот во тетовско!

Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во тетовското село Фалиуше. На местото на настанот се пожарникари од Тетово, заедно со пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.

На околното население им се препорачува да ги затворат прозорците и да не престојуваат надвор, на отворено.

На местото на настанот е и директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов кој го  координира гаснењето на пожарот на пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово.

Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми кои можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот.

Ангелов се обиде да повика и хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово, густа магла, не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде