Метеорологот Славчо Попоски постојано ја информира јавност аза наглата временска промена што доаѓа за време на претстојниот викенд.
„ Најново ажурирање на нумеричките модели: Тие само го потврдуваат длабокиот снежен циклон кој ќе прави многу проблеми за време на викендот во регионот и кај нас…локално ќе наврне и над половина метар снег!
Проблеми ќе прави и силниот ветер кој ќе го има во целиот регион, но и кај нас, и тоа како се можни штети поради неговата огромна брзина и
понекаде тој ќе достигнува брзина дури до 120 км/час, во Македонија до околу 80 или над 80 км/час!
Иако календарски незапочната, за прв пат оваа сезона зимата ќе го покаже вистинското лице и ќе ни донесе многу снег и ниски минусни температури на воздухот“, објави тој.