Професорката Најческа со коментар за поддржувачите на СДСМ и ДПМНЕ: Глуп човек си е глуп човек со која и боја да го офарбаш

Левица направи инцидент во Собранието, откако нивните пратеници Борислав Крмов и Димитар Апасиев фрлија амандмани, скршија монитор и микрофон.

Потоа дел од пратениците се пожалија преку медиумите дека нивните колеги од Левица оставиле хаос во собраниската сала.

Инцидентот го искоментира и професорката Мирјана Најчевска на социјалните мрежи. 

„Поддржувачите на СДСМ многу се загрижија за уништувањето на државниот имот, ама ич не им е гајле што Собранието се самоукинува.

Исто вака за државниот имот беа загрижени поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ кога ги боевме институциите.

Нема разлика меѓу глупи луѓе.

Не е важно со која партија се.

Глуп човек си е глуп човек со која и боја да го офарбаш.“, напиша Најчевска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде