Тажна вест: Почина младиот Тео, Советник на премиерот и активист

Роднините и пријатели се простуваат со младиот Тео, активен борец за општествено унапредување и целосно интегрирање на лицата со попреченост.

„Прерано замина нашиот сопартиец, другар, социјалдемократ, Теодор Тео Богоевски. Сочувство до семејството, роднините и пријателите.

Тео беше прекрасен човек, активен борец за општествено унапредување и целосно интегрирање на лицата со попреченост.

Како претседател на партиската Комисија за еднакви можности и советник на премиерот даде значаен придонес во креирање и реализирање на политиките за еднакви можности, за унапредување на македонското општество, како и целосна политичка партиципација на лицата со попреченост.

Слава му. Нека почива во мир, напишаа од СДСМ.

Драг Тео, еднаквите можности за кои се боревме ќе останат аманет за секој од нас.
Ти ни ја даде најголемата можност ,да си наш другар, пријател, соборец.Човек со најголема желба за животот и предизвиците кои ги носи.

Ќе недостасуваш многу, напиша Лукареска на ФБ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде