Падна снег во Србија

Покрај Ужице и Ивањица, снег падна и во Сјеница, како и на планината Златар кај Нова Варош, а како што е најавено,

на високите планини на југозападна и јужна Србија дождот кој утрово паѓа, во вечерните часови за кратко време ќе прерасне во снег.

Според прогнозата во Србија, во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, во ридско-планинските предели со снег.

Во текот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во снег во пониските предели на западна, јужна и југоисточна Србија, во текот на вечерта во централните предели, додека во исто време врнежите ќе престанат во Војводина.

Според моменталната временска прогноза, во недела во сите региони во Србија ќе има вистинско зимско време. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде