Едно лице добило тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера на крстосницата од улиците Тризла, Горан Миноски и 11 Октомври во Прилеп.
Во несреќата учествувале „фиат“, управуван од Ж. П. (61) од с. Воѓани, Прилепско, и патничко возило „опел“, управувано од Е. И. (33) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки.
Во несреќата В. Ш. (24) од Прилеп, сопатник во возилото „опел“, добил тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Прилеп.
Увид на местото бил извршен од екипа на ОВР Прилеп.