Два силни земјотреси ја стресоа Турција, граѓаните во паника ги напуштија домовите

Два силни земјотреси ја погодија источна Турција за неколку минути.

Првиот земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала е регистриран на 33 километри југоисточно од Малатја, на длабочина од осум километри.

Само три минути подоцна, уште еден земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Адијаман, исто така во источна Турција.

На социјалните мрежи се појавија видеа по двата земјотреси.

Потресите ги натераа луѓето да излезат на улиците.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде