ГОЛЕМ СКАНДАЛ го тресе регионот: Полициски инспектори правеле оргии во станица, девојките голи позирале со инспектори во Котор

Во просториите на полицијата во Котор на 30.07.2020 година, двајца полициски инспектори организирале сексуални оргии со две жени, а за жешката акција преку шифриран телефон го известиле полицаецот Љубо Миловиќ, кој е обвинет дека е во врвот на Кавачкиот клан.

Црногорскиот весник Борба ексклузивно објавува фотографии кои се дел од досието што Европол го доставило до надлежните органи преку прислушуваните пораки.

Една од двете жени од овие фотографии била во центарот на аферата една година претходно кога осудениот Ѓ.П. кој ја издржува казната во Специјалната болница за психијатрија во Котор, објавил фотографија на која е во болничка соба со едно голо и друго делумно голо женско лице, кое е облечено во униформа на здравствен работник.

На гореспоменатите фотографии, пишува Борба, јасно се гледа несоодветното постапување во полициската станица, а сето тоа е придружено со пораки кои еден од инспекторите му ги испратил на Љубо Миловиќ.

-Еј, погледни што се прави во полициска станица – гласи една од разменетите пораки на Скај.
На тоа другиот одговара: „Браво, брате мој“.

Во пораките стои и „дека по неа има потерница“, како и „дека со неа имало шоу во канцеларија“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде