Македонија во ШОК: Исчезнато е бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство?

Полиција го проверува случајот со наводно исчезнатото бебе од Детската клиника, откако сопружници пријавија дека нивното бебе лежело на оваа клиника, но кое претходно било неколку месеци на Гинекологија каде се родело пред 5 месеци со компликации, пренесува Сител телевизија.

Полицијата проверува и во Клиниките, но и ги проверува исказите на родителите бидејќи биле делумно контракторни, па ако се утврди дека се работи за лажна пријава можно е да бидат повикани на одговорност.

Сопружниците од Куманово и Скопје, во телефонски разговор, ни тврдеа дека на 11 јули било родено машко дете, надвор од терминот, но бебето било со мала родилна тежина и со здравствени компликации.

По еден месец на Интензивна нега на ГАК, било наводно префрлено на лекување во Детската клиника.

Мајката тврди дека редовно го посетувала, но дека пред два дена кога дошла да го види и рекле дека такво дете не постои.

Од Детската клиника и Клиниката за гинекологија и акушерство знаат за слуачајот бидејќи родителите реагирале и кај нив, но двете клиники тврдат дека такво бебе ниту е родено, ниту лежело кај нив.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА

Извор Сител телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде