Метеорологот Славчо Попоски, цела недела интензивно го најавува снежниот бран кој треба да пристигне викендов во земјава.
Меѓутоа, голем дел од неговите анализи беа прифатени хумористично, па многумина го исмејуваа.
Токму затоа тој реагираше на таквите нивни реакции.
„ Цела недела да најавуваш снежен бран, но и на крајот сите да ти се придружат во најавите и да успееш целата територија на Македонија да ја информираш не е мала работа, затоа одреден дел на луѓе лубоморат и се смеат на моите анализи…
утре попладне и навечер снежниот циклон ќе ја зафати Македонија.
На пониските места ќе се формира снежна покривка од 5 до 10 сантиметри, а во западните предели таа понекаде ќе биде и поголема,
додека на Скијачките центри и на планините ќе се формира снежна покривка со висина дури до 30 сантиметри, а понекаде и поголема и ќе биде идеално за скијање.
Да повторам, на Македонија пат да не ги изненади долго најавуваниот снежен бран!“ напиша тој.