Страотна несреќа: Жена заработи тешки повреди откако излета со својот автомобил

На 23-ти ноември 2023 година, во 07:40 часот во ОВР Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид,

кај ресенското село Лева Река, се случила сообраќајна незгода во која е повредено едно лице.

– Патничко возило марка „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од страна на 32-годишно лице од охридското село Велмеј, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.М., констатирани во специјална Болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Ресен, информираат од МВР.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде