Тешко повреден малолетен пешак во струмичко.
На 23.11.2023 во СВР Струмица било пријавено дека во 16.20 часот на магистрален пат Струмица – Ново Село, во с.Дабиле, струмичко,патничко возило „опел астра“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.Д. (35) од с.Моноспитово, струмичко, удрило во малолетен пешак од с.Дабиле.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општа болница Струмица, соопшти полицијата.
Увид на местото на несреќата бил извршен од екипа од СВР Струмица.