Последна вест: Блокиран автобус на ЈСП, снегот го отежнува сообраќајот

Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека од операторот на ЈСП е добиена информација дека во с.Горно Соње, Општина Сопиште, е блокиран автобус на „Бр.58“ и има отежнато движење на сообраќајот.

За настаната состојба, од ЦУК, се известени ЈП „Улици и патишта“ и во Општина Сопиште.

Обилниот снег прави вистински хаос и други патишта низ Македонија.

„Макфакс“ дојде до видеа на кои се гледаат километарски колони возила на превојот Стража.

Заглавени се десетици камиони и автомобили.

На снимките се гледа дека патот не е исчистен и не е прооден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде