Славчо Попоски со вонредно известување

ВОНРЕДНО МЕТЕО ИЗВЕСТУВАЊЕ: ОБИЛНИТЕ СНЕЖНИ ВРНЕЖИ ПРОДОЛЖУВААТ И ВЕЧЕРВА!

Вечерва врнежите од снег кои ја зафатија нашата држава ќе продолжат и ќе се интензивираат насекаде.

Насекаде се очекува формирање на снежна покривка (на пониските места таа понекаде ќе достигне и до 20 сантиметри, понекаде дури и повеќе, а на Скијачките центри и на другите планини и до половина метар и ќе биде идеално за скијање.

Во втората половина од ноќта врнежите ќе се преместуваат кон исток, но ќе дува силен северен ветер (локално и повремено со брзина од дури 90 км/час, со што се можни дури и штети поради очекуваниот силен северен ветер.

Во понеделник наутро многу студено, понекаде температурите ќе се спуштат дури и под -10 степени, со што ќе има појава на силен мраз.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде