Снегот почна да прави проблеми: Камион се излизга на пат кај Гостивар

Во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици Е-112 е добиена информација дека камион -цистерна, се има излизгано надвор на патот Гостивар – Маврово, каде што во моментот има врнежи од снег.

За настанатата ситуација, пријавениот итен случај на терен, од Секторот за операции и координација во ЦУК се известени ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта,

коишто информирале дека веднаш имаат имаат испратено камиони за расчистување на наведениот патен правец.

Истовремено, од ЦУК им е даден контакт на дежурните во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта од лицето кое управувало со цистерната за да можат да ја одредат точната локација каде што се наоѓа цистерната.

Инаку од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека од 14:00 часот, задолжително се користење на зимска опрема (ланци) на патниот правец Тетово-Попова Шапка.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде