СНЕГОТ ПРАВИ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Три лица повредени во сообраќајна несреќа на патот кон Приштина

СНЕГОТ ПРАВИ ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ: Три лица повредени во сообраќајна несреќа на патот кон Приштина

Сообраќајна несреќа се случила во близина на езерото Бадовци, на патот Гњилане-Приштина, пренесуваат локалните медиуми.

Косовската полиција за Синџал потврди дека во оваа сообраќајна несреќа учествувале две возила.

Од ова три лица се здобиле со телесни повреди и истите се испратени на лекарска помош.

Обилниот снег прави вистински хаос и на патиштата низ Македонија.

„Макфакс“ дојде до видеа на кои се гледаат километарски колони возила на превојот Стража.

Заглавени се десетици камиони и автомобили. На снимките се гледа дека патот не е исчистен и не е прооден.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде