Од АМСМ информираат дека од 16:15 патниот правец Гостивар-Стража e целосно затворен за сообраќај,
а на патниот правец Битола-Ресен, и обратно, кај превој „Ѓавато“, поради обилни врнежи на снег воведена е забрана за движење на ТТМВ.
Регионалниот ЦУК Охрид, известува дека поради попречено возило на патот кај „Тајмишка Раскрсница“ кон превојот „Стража“ во моментот патниот правец е во прекин, при што се создаваат колони со возила.
Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта работата на расчистување на патниот правец на превојот „Стража“.
Регионалниот ЦУК Битола, известува дека сообраќајот на патниот правец Ресен-Битола се одвива отежнато поради наноси од снег и дека имало повеќе возила кои се лизнале од патот.
Екипите на ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта и на овој патен правец работеле за расчистување на наведениот патен правец.