Важна информација за сите кои патуваат: Возете внимателно, врнежи од снег има на овие патни правци

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено без забрани,застоји и ограничување,по влажни коловози.

Врнежи од снег имаме на Стража,Гостивар,Тетово,Маврово,Дебар и Попова Шапка.

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонија пат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Сите подетални информации учесниците во сообраќајот можат да ги добијат на нашиот дежурен телефон 02 25 61 502

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде