АВТОМОБИЛ СЕ ПРЕВРТЕ ВО КАНАЛ, ЖЕНА СЕДи НА ПАТОТ: Сообраќајна несреќа кај населбата Рудник (ВИДЕО)

Сообраќајна несреќа имало во населбата Рудник.

Како што може да се види на видеото објавено на Инстаграм станицата „192“, автомобилот излетал од патот во каналот и се превртел.

Исто така, на патот може да се забележи како седи жена, а се претпоставува дека била учесник во оваа сообраќајна несреќа.

Многу луѓе дојдоа да помогнат.

Веројатно причината за излетувањето е лизгавиот пат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде