Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, преку партиска трибина, почна со објавување на програмата со која партијата ќе се претстави на парламентарните избори.
Промена на даночниот систем, линеарно зголемување на пензиите, како и ново министерство за енергетиката, рударството и минералните суровини. Ова се само дел од клучните сегменти на кои се базира програмата на опозициската партија.
Лидерот Христијан Мицкоски истакна дека доколку дојдат на власт ќе ги зголемат пензиите линеарно за 5.000 денари и ќе обезбедат 250 милиони евра годишно за општините за капитални инвестиции.
Тој во обраќањето го стави фокусот на пензионерите за кои рече дека заслужуваат линерано зголемување на пензиите.
Мицкоски најави дека доколку дојдат на власт, еден од прироитетите ќе бидат капиталните инвестиции.
За таа цел, како што истакна, владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди една милијарда евра во четиригодишен мандат или 250 милиони годишно за општините за капитални инвестиции.