НАЈНОВА ВЕСТ: МАНУ доби нов претседател

Собранието на Македонската академија на науките и уметностите, на денешната седница го избра новиот состав на Претседателството на МАНУ за мандатниот период 2024 – 2027 година, што ќе го предводи академик Живко Попов.

Мандатот на досегашното Претседателство и на претседателот Љупчо Коцарев завршува на 31 декември годинава.

Академик Попов, роден на 23 јуни 1950 година во Кавадарци, е македонски хирург, професор и научник од областа на урологијата и медицинските науки.

Попов објавил над 70 научно-стручни трудови во домашни и меѓународни научни списанија. За редовен член на МАНУ е избран на 27 мај 2009 година.

Членови на новиот состав на Претседателството се: акад. Живко Попов – претседател, акад. Алајдин Абази – потпретседател, акад. Витомир Митевски – потпретседател, доп. член Блажо Боев – секретар, акад. Ѓорги Поп-Атанасов – секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука, акад. Владо Камбовски – секретар на Одделението за општествени науки,

акад. Нада Поп-Јорданова – секретар на Одделението за медицински науки, акад. Љупчо Коцарев – секретар на Одделението за технички науки, акад. Дончо Димовски – секретар на Одделението за природно-математички и биотехнички науки, акад. Влада Урошевиќ – секретар на Одделението за уметност, – акад. Глигор Каневче – избран член.

-На седницата е усвоен и Четиригодишниот извештај на Претседателството за работата на МАНУ во периодот 2020 – 2023 година, соопшти Собранието на МАНУ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде