Познатата пејачка не можеше да ги cокрие cолзите, поминаа две тешки години откако ја загуби cвојата голема љубов

Денеска се навршуваат точно две години откако почина Милутин Мркоњиќ Мрка, српскиот политичар и долгогодишен парнер на позната пејачка Ана Бекута.

Неговите пријатели и членови на семејството вчера се собраа да ја одбележат годишнината од неговата смрт.

Неговата партнерка, пејачката Ана Бекута беше на неговиот гроб каде во присуство на неговите најблиски се одржа панихида.

Покрај Ана, двегодишнината од смртта на Мрка, како што јавува српски Блиц, ја одбележаа и Бранко Ружиќ, Влада Заграѓанин и Ивица Дачиќ. Присутните запалија свеќи и на гробот оставија венци со претежно црвени и бели рози.

Популарната фолкерка, која со следбениците на социјалната мрежа Инстаграм често споделува заеднички фотографии со Милутин и не ја крие тагата која се уште е присутна и по две години, не можеше да ја сокрие болката од загубата на својот покоен партнер.

За потсетување, Мрка, како што пренесуваа српските медиуми, ја заколнал Ана додека бил во болничка постела да продолжи со пеењето и по неговата смрт.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде