Татко ги убил двете ќерки, третата е тешко повредена, мајката е исчезната: НЕЗАПАМТЕН ХОРОР ГО ПОТРЕСЕ ПАРИЗ

Маж со мароканско потекло ги убил двете ќерки, а трета тешко ја ранил во нивната куќа во Алфорвил во близина на Париз.

Таткото потоа сам се пријавил во полициската станица во Диепе на брегот на Атлантикот, која се наоѓа на двесте километри оддалеченост од местото на злосторството.

Полицијата веднаш излегла на местото на злосторството каде што останале без зборови од ужасот што го затекнале.

Тие пронашле две тела додека лекарските екипи се борат за животот на третата ќерка. Жртвите се девојчиња на возраст од 5, 8 и 11 години. Телото на едно од девојчињата било на каучот, додека две тела биле поставени на прекривката. Тие се убиени со нож.

Според првите елементи на истрагата, убиецот, 41-годишен Мароканец, пред две години бил осуден за семејно насилство и му било забрането да се приближува до сопругата и децата.

Неговата забрана неодамна истекла, па му било дозволено да се грижи за децата алтернативно со поранешната сопруга.

Околностите на трагедијата се уште не се познати, додека мажот кој се претставил како нивен татко, на полицијата и судските служби веќе и е познат за насилство во семејството и врз 15-годишник.

По 36-годишната мајка на убиените девојчиња, која исто така живее во истиот регион, полицијата интензивно трага. Постојат сомнежи дека и таа преживела насилство.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде