УХМР со најнова прогноза: Бидете подготвени, доаѓа нов бран на врнежи

Утре времето ќе биде облачно, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег каде ќе се формира нова снежна покривка, особено во западните делови.

Во некои од пониските места најпрвин врнежите ќе бидат од снег, а во текот на денот ќе преминуваат во дожд. Локално претпладне ќе има и услови за замрзнат дожд.

Во западните делови ќе наврнат над 25 л/м2 воден талог. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со услови за слаб снег, а во текот на денот со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде