ВИДЕО: Драма на седницата на комисијата за Онкологија, Силјановска си замина

Рашела Мизрахи и ДПМНЕ ја злоупотребија комисијата за Онкологија и побегнаа затоа што немаат никакви аргументи. Сакајќи да ги престави своите или заклучоците од белата палата како заклучоци на Комисијата, направи преседан во Сообранието и ја злоупотреби својата политичка функција.

Рашела Мизрахи требаа веднаш да си поднесе оставка, заради својот однос кон пациентите на Онкологија, кој е недозволив. Мизрахи, на анкетната комисија само ги прочита заклучоците кој доаѓаат од блата палата на ВМРО-ДПМНЕ и без гласање си замина еден час на пауза.

„Не постои интерес на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, а со односот на Рашела, бевме сведоци на една класична политичка злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи.

Таа докажа дека нивната анкета било само заради политичка цел. Нас ни беше работа да откриеме дали имало злоупотреба на правата на пациентите.

Но, таа ја зема улогата на обвинител на судија, и врз основа на свои заклучоци почна да наведува кој колку треба да лежи во затвор, без никакви докази. Ова е класична злоупотреба на функцијата каде пациентите и грижата за нив не се важни, туку само политичките цели на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

Претходно СДСМ објави видео од седница на комисијата:

Погледнете како ДПМНЕ срамно бега од седница на Анкетната комисија за Онкологија, напишаа од СДСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде