24 часа откако исчезна младата Вања, мајката испрати нова порака: ВЕ МОЛАМ НЕ ШИРЕТЕ ДЕЗИНФОРМАЦИИ, не помагаат во потрагата

Пред точно 24 часа, на 27-ми околу 07:20 часот, 14-годишната Вања Ѓорчевска тргнала на училиште.

Таму не пристигнала, поради што нејзината класна раководителка ја известила мајката. Откако мајката Зорица Ѓорчевска се обидела да ја добија, забележала дека мобилниот телефон е исклучен.

Набрзо потоа преку социјалните мрежи Зорица објави пост во која бара помош од секој што забележал било што.

-Утрово во 7.20 мојата керка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и и се губи секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели „најк“ патики со кафеава лента на ѓонот.

Последен пат е видена во Дебар маало на пат кон Песталоци. Доколку имате било каква информација јавете се на 075 400 816“, сподели мајката Зорица Ѓорчевска.

Во меѓувреме нејзината мајка Зорица ја дополни својата објава на социјалните мрежи и наместо на нејзиниот број, порачаа секоја информација да се пријави во полиција.

-Би сакала многу да се заблагодарам на МВР кое несебично е на терен и доцна вечерва за да го пронајде моето малолетно дете. Ве молам не ширете дезинформации, не помагаат во пронаоѓањето,- додаде таа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде