4NEWS.mk открива нови детали: Неофицијално, на една од камерите се гледа како девојчето се качило во бел автомобил?

Од домот до основното училиште Вања пристигнувала за 7 минути. Ова за медиумите го изјави мајка ѝ. Една минута помалку кажува и пресметката која ние ја направивме преку Google Maps ако Вања се движела преку Ленинова и Никола Тримпаре.

Доколку пак се движела преку Мирослав Крлежа и Никола Тримпаре до училиштето би пристигнала за 7 минути. Во првата верзија има 400 метри, а во втората 500 метри, објави вечерва порталот 4NEWS.mk.

Но Вања вчера не одбрала ниту една од овие две рути. Секогаш заедно на училиште одела со нејзината сестра, но вчера бидејќи пропуштала прв час, одлучила да оди сама. Го напуштила домот кој се наоѓа на Партизански одреди и продолжила десно кон пазарот Буњаковец. Одела пешки, а со себе имала и мобилен телефон марка Ајфон.

Центар е добро покриен со мобилни предаватели, а има и 5G мрежа која дополнително прецизно може да лоцира уред кој е поврзан на мрежата. Од разговор со мајката на Вања, последниот сигнал кој е забележан од телефонот на исчезнатото девојче е лоциран на булеварот Партизански одреди спроти Универзалната сала.

Лоцирањето експертите го прават со помош на извештаи од телекомуникациските оператори. Се гледа на кои предаватели бил поврзан мобилниот уред, на која далечина и така од најмалку три се прави периметар каде се наоѓал мобилниот телефон во тој момент. Но после тоа, мобилниот телефон е недостапен, а со тоа и не е поврзан на ниту една мрежа. Така локацијата се губи.

Повеќе детали не се споделуваат. Полицијата денеска објави само детали како девојчето последно изгледало.

– Од неофицијални информации и лица вклучени во потрагата 4NEWS.mk дознава дека Вања е забележана на снимка поставена од безбедносна камера. Во моментов службени лица се обидуваат трагата да ја прошират и пронајдат Вања преку камерите поставени за безбедност на булеварите низ Скопје.

Од неофицијални информации до кои дојдовме, дознаваме дека најверојатно девојчето се гледа на една снимка од безбедносна камера на која девојчето се качило во бел автомобил. Но овие информации не успеавме да ги потврдиме, објави 4NEWS.mk.

Останува не јасно зошто Вања го променила правецот на движење и наместо кон училиштето продолжила по Партизанска.

Извор 4NEWS.mk.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде