И пензионерите и самохраните родители ќе добиваат финансиска помош од Владата – еве по колку

Пензионерите со пензии од 14.000 денари во наредните пет месеци ќе добиваат по 3000 денари, 2000 денари ќе добиваат пензионерите со пензии од 14.000 до 16.000 денари.

Пензионерите со примања од 16.000 до 19.000 денари ќе добиваат 1500 денари помош

По илјада денари ќе добиваат самохраните родители, родители на деца со попреченост, корисници на минимална помош…

Основците од семејства со примања под 50.000 денари, ќе добиваат по 1200 денари месечно следните шест месеци. Средношколците ќе добиваат по 1800 денари / месечно.

15 илјади студенти ќе добијат ваучер за превоз во вредност од 600 до 1200 денари месечно, следните 7 месеци.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде