Министерството за внатрешни работи вчера вечер соопшти дека се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на 14-годишната В.Ѓ откако вчера нејзината мајка го пријави нејзиното исчезнување во полиција.
– За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво,
извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта, се вели во последното соопштение од МВР.
Оттаму апелираат да не се шират дезинформации и дека МВР постојано ќе ја информира јавноста до пронаоѓање на малолетничката.
Случајот во полиција вчера во 08:35 часот го пријави мајката на девојчето.