МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје откако вчера во 08.35 часот нејзината мајка пријавила дека е исчезната.
Мајката на исчезнатото девојче, за „Макфакс“ раскажува дека и таа и полицијата го прегледувале нејзиниот компјутер,
но дека не пронашле ништо, a појасни и дека полицијата ги прегледувала и камерите и сите достапни материјали и докази што би можеле да помогнат во потрагата.
Мајката, исто така, реагира на написите и коментарите на јавноста кои упатуваат критики за работата на полицијата.
„Морав да реагирам, затоа што полицијата активно работи на пронаоѓање на нашата Вања. Сите инспектори се вклучени, сите работат.
Јас синоќа до три часот после полноќ бев во полициската станица „Беко“ и сите беа вклучени во потрагата. Вклучени сме сите, и полицијата, и роднини и пријатели и другарчињата.
Сега излепивме и постери со ликот на Вања во Центар за полесно пронаоѓање“, раскажува мајката.