Сашо Тасевски: Полицијата мора да го реши случајот со Вања многу брзо. Во спротивно скопските улици ќе бидат празни долг период. Ќе се крене паника

Фејсбук пост на Сашо Тасевски:

Пред сериозен предизвик е полицијата.

Најубаво одма да консултираат профајлери од ФБИ и инспектори, да ги замолат да помогнат.

Најтрагично е што во листата на исчезнати која сега ја видов има и деца и девојки исчезнати уште пред десетина години кои уште не се најдени.

Тоа е загрижувачки.

Па и ќерка ми дреме баш таму во тој дел навечер. А сум му рекол на другар и уште на неколку други, нездрав ми е целиот амбиент таму околу Силбо и подоле. Многу калакурница, многу агресивни типови и деца… Ужас…

Полицијата едноставно мора да го реши случајот со Вања многу брзо. Во спротивно скопските улици ќе бидат празни долг период. Ќе се крене паника.

Што се случува, стварно не знам?

Ама градов е скапан од внатре.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде