Веќе седми ден се трага по фризерот Панче од Велес, го нема и неговиот автомобил

Панче Зезовски, велешанец на возраст од 74 години, без здравствени проблеми, недостапен е за семејството веќе седми ден, односно од средата му се губи секаков траг.

Неговата ќерка Македонка за ,,Фокус” појаснува дека станува збор за човек кој никогаш во минатото не се случило да исчезне, бил витален и немал никакви здравствени проблеми.

Во градот бил познат по својата професија, фризер, а последен контакт остварил по телефон во вторникот.

Татко ми живее сам, и од средата беше недостапен. Случајот го пријавивме во полиција, вознемирени сме, насекаде го бараме, тој нема ниту деменција, ниту пак било каков проблем со здравјето.

Го нема и неговиот автомобил, никаква трага досега… Станува збор за човек со среден раст, средна градба, бела коса.

Целиот текст прочитајте го на Фокус со клик ТУКА.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде