ТРАГЕДИЈА: Маж изгоре во пожар

Во пожар кој избувнал денеска околу пладне во куќа во селото Рогле, Општина Желино, животот го загуби 78 годишник.

Пожарот избувнал околу 11 часот и 45 минути, по што е пријавен во тетовската пожарна и полиција.

– Веднаш тргнавме со три противпожарни возила и осум пожарникари. По пристигнувањето на местото на настанот, жителите ни рекоа дека внатре во куќата има постар човек и

веднаш почнавме со гаснење на пожарот и влеговме во куќата каде за жал од чадот тој почина, информираше Авни Амети, командир на ТППЕ Тетово.

СВР Тетово соопшти дека станува збор за 78 годишник со иницијали М.Р

– На местото на пожарот увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово. Се работи на расчистување на случајот, информираа од СВР Тетово.

Со интервенција на тетовските пожарникари пожарот целосно бил изгаснат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде