Драма кај Велес: Автобус остана без две гуми – патниците среде автопат чекаат нов превоз

Автобус марка „мерцедес“ кој сообраќал на релација Скопје – Велес – Кочани останал без двете гуми веднаш после патарината кај Велес, па сега десетината патници останале среде автопат за да чекаат нов превоз и со него да стасаат до Кочани.

Двете гуми на автобусот на компанијата „Авто Атом“ се дупнале некаде по патарината кај Велес, и гумите се на автопатската делница пред тунелот.

За среќа во инцидентот нема повредени патници.Возачот кога забележал дека се дупнале две гуми запрел и го паркирал автобусот.

Во возилото две патнички оделе за Велес, а останатите за Кочани.

Двете патнички со приватен превоз се упатиле кон Велес, а останатите чекаат да бидат префрлени и да надлежните да реагираат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде