Тензично во Борис Трајковски: На местото од Лавров порака: „Резервирано за НАТО“

Портпаролката на руската дипломатија Марија Захарова преку амбасадата на Русија во Скопје рече дека денеска се случила провокација за време на средбата на ОБСЕ.

Според објавата на X, таа вели дека на местото кое било за Русија, осамнал лист на кој пишувало „резервирано за НАТО“.

„На масите во салата за состаноци на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ има јасна манифестација на она за што зборуваше Сергеј Лавров во својот говор:

под притисок на САД, логиката на ОБСЕ се заменува со агресивната идеологија на НАТО“,  напиша како реакција Захарова.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде