Лавров во последен момент ја променил рутата – Бугарија не дозволила прелет на авионот

Авионот со кој рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров допатува во Скопје на Министерскиот совет на ОБСЕ, прелетал преку воздушното пространство на Турција и на Грција, а не и на Бугарија, јавија руските медиуми.

Менувањето на рутата за летот е поради одбивањето на бугарските власти да дозволат прелет на авион во кој се наоѓа портпаролката на руското МНР, Марија Захарова. Летот траел повеќе од пет часа.

Во нотата од бугарското Министерство за надворешни работи, во која имале увид руски медиуми се вели:

„Дозвола за учество на горенаведената средба во Скопје е дадена за министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров и неговата придружна делегација во согласност со белешката.

Дозволата не се однесува на директорот на одделот за информации и печат на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, која се појавува на списокот со санкции, во согласност со важечките закони на ЕУ“.

Захарова на Телеграм објави дека одлуката „…Не е само за глупост, туку опасната глупост на некој шегаџија во структурите на моќ во Бугарија“.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Извор А1он

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде