Мора да останам силна – Последна изјава на мајката на Вања

И по 72 часа од исчезнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од центарот на Скопје нема ниту трага.

Нејзината фотографија не се симнува од медиумите и од социјалните мрежи, а за нашето девојче веќе се добро упатени и во соседните земји.

Во изјава за Фактор, мајката на Вања, Сузана Ѓорчевска, вели дека е во постојан контакт со полицијата и дека цврсто верува дека ќе ја најдат нејзината ќерка.

-Полицијата интензивно работи. Јас не сакам да се сомневам во ништо и во овие моменти мора да останам силна.

По неколку пати во денот сум во контакт со полицијата, на сѐ што можам да се сетам, сѐ што сметам дека е важно за истрагата им го кажувам и тие буквално работат деноноќно.

Секако дека се надевам на најдоброто- вели Сузана за Фактор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде