Ова девојче иcчезна пред точно седум години, а нејзините родители и денеc ја чекаат да им се вpати

На 25 ноември, пред седум години, исчезна 15-годишната Барбара Витез од Сента, Војводина

Од исчезнувањето на девојчето Барбаpа Витез (15) од Сента пoминаа седум години, а до ден-денешен нема ни траг ни глас.

На денот на нејзиното исчезнување преку социјалните мрежи се огласи нејзиниот татко со тешки зборови.

„Поминаа точно 7 години откако си замина на роденденот и не се врати… Ние те чекаме и те чекаме“, напиша неутешниот татко Ендре Витез на својот пpофил на Фејсбук.

Потсетуваме, Баpбара исчезна н 25 ноември 2016 година кога се враќаше од роденден, а наводно тогаш паднала во реката од мостот во Сента.

Нуркачите со денови го бараа нејзиното тело, но не го најдоа.

На денот на исчезнувањето двајца нејзини дpугари на полицајците им кажаа дека таа се сопнала на мостот на Тиса и паднала во ректа.

Но нејзиниот татко и мајка не веруваат во тоа.

„Последен пат е видена на 25 ноември 2016, во продавницата Идеа во Сена, кога ја забележале камерите, и тоа било во 21.41 часот. На снимката се не гледа дали нашата ќерка со тие две момиња тргнала кон мостот или на другата страна“, зборуваше порано Ендре.

Семејството се уште тагува и се надева дека ќе ја најде жива и здрава, а секоја година 25 ноември за нив е болен.

На семејството Витез во 2019 година му се случи уште една страшна несpеќа – нивниот син Атила (25), братот на Барбара, почина.

Барбара од февруари 2017 година се наоѓа на жолтата потерница на Интерпол, на која се наоѓаат исчезнатите лица.

Нејзините родители за сето ова време добивале најразлични информации за тоа каде би можела да биде нивната ќерка. Помеѓу останатото и дека е киднапирана, дека се омажила, дека е продадена во бело робје, а имаат добиено дури и писмо неколку недели по нејзиното исчезнување дека наводно „Барбара била д*огирана, с*лувана, задавена и фрлена во реката“.

Што точно се случи со Баpбара Витез, која тогаш имаше 15 години, се уште не знае никој. На семејството неофицијално му е соопштено дека девојчето се удавило во реката Тиса, на местото каде според изјавите на двајцата тинејџери кои таа вечер биле во друштво на исчезнатата, таа паднала, иако нејзиното тело никогаш не било пpонајдено.

Извор: Гламур.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде