По Марија се трагаше и во Швајцарија, но безуспешно…
Марија Брзакова (32), која исчезна во јануари 2020 година, се уште се води за исчезнато лице во Министерството за внатрешни работи.
Младата девојка последен пат беше видена во близина на семејниот дом во Босилово по што и се изгуби секоја трага.
Таа од својот дом излегла во раните утрински часови, облечена во тренерки. Тоа се случила на 18 јануари и од тогаш никој ништо не знае за неа. Исчезнувањето го пријави нејзиниот сопруг, а покрај полицијата по Марија тогаш трагаа и ловџиите, но безуспешно.
Инаку, Марија заедно со својот сопруг Б.Б (33) живеела во Швајцарија, како и нивните родители.
По потекло е од с. Турново, а како што пишува на сајтот за исчезнати лица на Министерството за внатрешни работи, родена е 1991 година.
Посетуваме, Марија Брзакова во моментот на исчезнувањето имаше 28 години и беше во рана бременост, а нејзиниот случај се уште се води за отворен, во Основното јавно обвинителство.
Медиумите за целиот случај тогаш пишуваа и дека е мистериозен затоа што тогаш никој не сакаше да даде изјава.
Покрај семејството, немаше доволно информации ни од полицијата, иако се апелираше до јавноста за помош.
Извор Glamur.mk