ТАЖНА ВЕСТ: Почина Хенри Кисинџер

Хенри Кисинџер, контроверзниот добитник на Нобеловата награда и моќен дипломат чија служба под двајца претседатели остави неизбришлива трага во американската надворешна политика, почина во средата, соопшти неговата геополитичка консултантска фирма Kissinger Associates Inc.

Кисинџер имаше 100 години и починал во својот дом во Конектикат, соопшти компанијата, без да даде дополнителни детали.

Тој ќе биде погребан во кругот на семејството, а подоцна во Њујорк ќе се одржи јавна комеморативна служба.

Кисинџер беше активен и откако го прослави стотиот роденден. Тој присуствуваше на состаноците во Белата куќа, објави книга за стилови на лидерство и сведочеше пред комисијата на Сенатот за нуклеарната закана од Северна Кореја.

Во јули 2023 година, тој оствари ненадејна посета на Пекинг за да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде