ВИДЕО Само еден човек му подаде рака на Лавров

Од видеото кое се појави на социјалните мрежи, а кое е снимено од руски дипломат присутен во салата се гледа дека рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров не се поздравува со никого додека се упатува кон своето столче на конференцијата на ОБСЕ што се одржува во Скопје.

За време на минувањето на Лавров низ салата Борис Трајковски на рускиот министер никој не му приоѓа да се поздрави, ниту еден колега министер или друг дипломат.

Единствен кој на видеото се поздравува со него е Лука Бекари, министерот за надворешни работи на малата држава-град Сан Марино која е исто така членка на ОБСЕ, а која според протоколот мора да седи до претставникот на Руската федерација.

На видеото може да се види дека Лавров и Бекари се поздравуваат кога рускиот министер седнува на своето столче.

Столчето на Романија од левата страна на Лавров е празно затоа што романскиот шеф на дипломатијата најверојатно во знак на протест не сакал да седи до рускиот министер.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде