Први фотографии од местото на трагедијата каде сопружниците се задушиле: Таткото на жртвата ги пронашол мртви на кревет ФОТО

Починале сопружниците Игор Н.(41) и Бранкица Н.(38) по, најверојатно, труење со гас во станот во кој живееле во Ниш.

Според информациите од местото на настанот, телата на сопружниците ги пронашол таткото на Игор, кој неколку пати неуспешно се обидел да стапи во контакт со нив.

Безживотните тела биле пронајдени на 27 ноември околу 13 часот и 15 минути, кога таткото на жртвата влегол во станот каде се почувствувал плин.

„Во Ниш гасоводната мрежа не била развиена, па се верува дека се работи за плинска боца од шпоретот, преку која сопружниците се грееле, подготвувале храна и спиеле во просторијата каде што ги пронашол“, вели изворот на порталот Нова.

Полицијата само потврди дека во станбената зграда каде што живееле биле пронајдени телата на две лица – 41-годишен маж и 38-годишна жена.

„Известено е Вишото јавно обвинителство во Ниш. Полицијата ги презеде сите мерки и дејствија од нејзина надлежност. Нема сомнителни околности“, потврдија од Полициската управа во Ниш.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде