Страотна сообраќајна несреќа, младо момче тешко повредено

27-годишник е тешко повреден откако синоќа со „ауди“ удрил во неколку паркирани возила во Кочани. 

– На 30.11.2023 во 23.02 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на авто плац на ул.„Гоце Делчев“ во Кочани, патничко моторно возило „ауди“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица,

управувано С.Л.(27) од с.Костин Дол, општина Македонска Каменица, удрило во паркирани возила, сопственост на Д.Ј. (41) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Кочани, информира полицијата. 

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Кочани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде