Според информациите од полицијата, пиштолот е подигнат за вештачење и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот
Вработен во тетовско основно училиште вчера додека работел во дворот нашол пиштол, по што пријавил во СВР Тетово, информираат денеска од тетовската полиција.
„Вчера (30 ноември) во 16 часот и 45 минути во СВР Тетово пријавено е дека 33-годишен вработен во тетовско основно училиште,
на спортско игралиште во кругот на училиштето, пронашол пиштол“,информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
Според информациите од полицијата, пиштолот е подигнат за вештачење и се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.