Уште една трагедија на македонските патишта, загина велосипедист

Уште една трагедија на македонските патишта, загина велосипедист

Полицијата извести дека во ОВР Кичево е пријавено дека на регионалниот пат Осломеј-Кичево,

кај место викано „Ѓубриштето“, камион „мерцедес“ управуван од К.К.(26) од кичевското село Гарани, удрил во велосипед управуван од Ј.С.(63) од Кичево.

„Од здобиените повреди на местото починал велосипедистот, а смрт констатирал лекар од Медицинскиoт центар во Кичево.

Увид извршила увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, извести полицијата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде