Ќерката на Панче во изјава за Фокус:  Уште не знам ништо, освен тоа дека татко ми бил пронајден мртов, закопан

Денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР.Од МВР, посочуваат дека во врска со двата случаи осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.

Вечерва во изјава за Фокус ќерката на велешанецот Панче изјави дека се уште ништо не знае освен тоа дека татко ми бил пронајден мртов, закопан.

– Ниту татко ми, ниту било кој од нас го познавал девојчето лично. Јас сум во полициска станица, уште не знам ништо, освен тоа дека татко ми бил пронајден мртов, закопан.

За тоа дека мотивот за убиството бил користољубие, првпат слушам од вас, од новинарите. Не сум го прочитала соопштението од МВР, но можам да кажам дека татко ми никогаш не бил богат човек, затоа и терминот користољубие не знам што значи.

Во станица сум, не можам ништо повеќе да кажам, бидејќи и јас немам детали – изјави ќерката на Панче во изјава за Фокус.

Повеќе детали прочитајте ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде