Денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР.
Од МВР, посочуваат дека во врска со двата случаи осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.
Доцна вечерва се огласи и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски:
Со голема тага ја примив веста за згаснувањето на животот на младата Вања.
Искрено сочувство за загубата на овој млад и невин живот, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Најстрога казна за сите вмешани во овој грозоморен случај!
Правда мора да има.Почивај во мир“ – напиша тој.