Денеска во околината на Скопје е пронајдено безживотното тело на малолетната В.Ѓ., која беше пријавена за исчезната на 27.11.2023, а во околината на Велес од страна на полициски службеници од СВР Велес е пронајдено и телото на П.Ж.(74) од Велес, кој на 24.11.2023 беше пријавен за исчезнат, информираат вечерва од МВР.
Од МВР, посочуваат дека во врска со двата случаи осомничени се пет лица, од кои за три се бара мерка притвор, едно е надвор од државата, а едно лице во моментов е во полициска станица.
Во јавноста и на социјалните мрежи се шпекулира со имиња за тоа кој стои позади овој грозоморен чин, а Латас на Фејсбук напиша:
Првите непотврдени информации велат дека зад убиството на малата Вања стои познат скопјанец, едно време се обидуваше и партија да направи, и дека има уште едно кое му се испитува.
Сомневањата се дека се работи за одмазда околу долгови. Избегал пред три дена на правец кон Турција…. Се чекаат деталите од МВР, напиша Латас на Фејсбук.