Што се случува со луѓето? 90 годишен старец е уапсен за сексуално вознемирување на 16 годишно девојче во Грција

16 годишна ученичка била жртва на сексуално вознемирување во Амалијада во западна Грција од страна на 90-годишен маж.

Според грчките медиуми, повозрасниот маж не губел време кога ја видел 16-годишната на улица и ѝ пришол.

Ја стигнал поставувајќи и различни прашања, а потоа ја фатил за рака и ѝ давал неморални предлози.

Девојчето се исплашило и веднаш се оддалечило известувајќи ги родителите кои повикале полиција. По кратко време полицијата го уапсила старецот.

90-годишникот вчера беше спроведен во обвинителството во Амалијада каде ќе му се суди.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде