Словенија затрупана со снег, на некои места се измерени два метри

Снежно невреме во текот на ноќта и во теков на денов предизвика проблеми низ Словенија, а најмногу снег има во Кредарица кај Триглав, каде падна метар и половина снег, па сега дебелината на снежната покривка на тоа место е 180 сантиметри.

Како што јави словенечката новинска агенција СТА, поради снег на некои патишта има делумен прекин на сообраќајот, а поради силно невреме затворена е и делницата од автопатот од Приморска до Љубљана, меѓу Кастелец и Козина.

Големо количество снег падна во регионите на Нотрањска и Кочевско, како и во делови од централна Словенија, додека снежна покривка нема само во некои делови на Горење, објави порталот 24ur.com.

Според податоците на Управата за цивилна заштита и помош, најмногу интервенции се забележани во Словењ Градец, а потоа во Целје, Љубљана, Марибор и Птуј.

Упатени се вкупно 17 противпожарни единици за расчистување на паднатите дрвја од коловозите.

Едно дрво падна на општината Словењска Бистрица, додека дрвја паднаа и врз далноводи, па некои домаќинства останаа без струја, на потегот меѓу Межица и Марибор на североистокот на Словенија.

Во главниот град Љубљана висината на снежната покривка е четири сантиметри.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде